Кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време.

Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Овој одговор на опозицијата доаѓа откако денеска премиерот во изјава за медиумите потенцираше дека планира да го покани Мицкоски на лидерска средба.