Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано вложува во инвестиции во здравство и капитални проекти во општините

Целта е општините да станат вистински сервис за граѓаните, со навремени и квалитетни услуги. Заложбата на ВМРО-ДПМНЕ е модерни, транспарентни и финансиски стабилни општини, со фокус на инвестиции во здравство. Досега се реализирани 94 проекти во соработка со локалната самоуправа.

По половина век, општина Илинден доби нова амбуланта во рамки на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје. Објектот има површина над 600 метри квадратни и е изграден според највисоки стандарди.

Во амбулантата се обезбедени примарни и специјалистички здравствени услуги. Вложени се 16 милиони денари, а вкупната вредност со инфраструктурата достигнува 25 милиони.

Овие инвестиции во здравство ќе овозможат квалитетни и навремени услуги за граѓаните од општината и околината. Во последниот период се реализираа и други проекти за реновирање на здравствени установи.

Реновирани се одделот за ургентна инфектологија и интензивна нега на Инфективната клиника. Во Општата болница во Гостивар и Клиничката болница во Тетово исто така се направија реновирања.

Се обнови радиологија на Хируршките клиники и невролошката амбуланта во Детската клиника. Интензивно се работи и на клиниката КАРИЛ.

Владата, општините и институциите заеднички реализираат проекти за поквалитетен живот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека инвестирањето во здравство е дел од темелите на промените.