ВМРО-ДПМНЕ повика и вечерва да се излезе на улица и да се крене глас против бугаризација и асимилација на Македонците. Велат не за бугаризација, Ковачевски да го отфрли предлогот. Народот масовно секој ден излегува на протести против предлогот, предлогот на Ковачевски кој значи бугаризација и асимилација на нацијата.
Ковачевски ги турка пратениците да гласаат информација и да ја сподели одговорноста со нив. Залудни се сите маневри на Ковачевски. Уставот е заштитен од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски нема 2/3 мнозинство. Ковачевски може да излезе од овој срам, доволно е да го отфрли предлогот и да не ги руши и понатаму позициите на Македонија. Затоа излегуваме и вечерва на протест. Во 19 часот пред влада, и продолжуваме кон Собрание преку зградата на МНР. УЛТИМАТУМ, НЕ – БЛАГОДАРАМ – велат од опозицијата.