Извештајот на ЕУ за Македонија, јасно го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ цело време го тврди, а тоа е дека ДУИ и СДС од државата направија нај корумпирана земја во Европа и нај зависно судство во Европа. Ова е историски најлошиот извештај кој го добила Македонија, каде не само што немаме напредок, туку имаме и назадување во повеќе полиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овој извештај ја потврдува катастрофата во судството, а особено најмногу критики има за измената на кривичниот закон, по брза постапка, за кој ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека законот не треба да се носи и дека ќе биде на штета на државата. Според ЕУ, корупцијата останува премногу распространета во многу области и состојбата е загрижувачка. Но власта мува не ја лази, туку баш напротив, продолжуваат секојдневно со нови скандали за корупција и лични валкани бизниси, се со цел да приграбат уште некој милион за себе и своите роднини, се наведува во партиското соопштение.
„Ова ќе престане за неколку месеци, а потоа ќе има истраги и одговорност“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.