Мицкоски соопшти дека одлуката за поддршка на независниот кандидат Данела Арсовска доаѓа откако истата прошла прво на Извршниот комитет, а потоа била потврдена и од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– „Ќе“ ветувањата не минуваат, како и привидот од поставените тараби, кои се единствена активност на кои требале да започнат да се реализираат ветените големи проекти, рече Мицкоски.
За крај, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го нашло одговорот и решението за неработата на актуелната градска власт.
– Данела за градоначалник, е одговорот и решението. Донесовме значајна одлука, одлука со која се означува времето за промени, на нов почеток за Скопје. Скопје кое ќе е на сите луѓе. Одиме на сигурна победа заедно со Данела Арсовска за Скопје, изјави Мицкоски.
Целата прес-конференција погледнете ја тука: