Што го врзува Груби со Черепот, па огласот за партнер во бизнисот со Лотарија е како пресликан со карактеристиките на неговата фирма?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Како се скроени условите на огласот за истите да соодветствуваат со фирмата на Черепот? Дали има претходен договор со Груби и што содржи тој?
ЈО мора да отвори случај и да испита дали можеби станува збор за однапред договорена работа?
Која е причината што го тера Груби Македонија да ја стави во партнерски однос со мафијаш во притвор, кој се сомничи и се доведува во корелација со редица тешки кривични дела?
ЈО не смее да молчи, додаваат од партијата.