Во продолжение ви ја пренесуваме интегралната изјава на Арсовски:

Како што вчера рековме, вчера дека ќе помагаме на граѓаните, колку можеме во рамките на граѓанските капацитети кои што ги поседуваме. А, денеска наместо одговори од власта ќе бараме одговорност. И за тоа сме тука баш на лице место да се види оваа страотна апокалиптична состојба која што ги стрефи вчера граѓаните на Кочани. И тоа само заради една единствена работа, а тоа е заради неспособноста, некоординираноста на власта и нефункционалноста на институциите.

Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канабери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра. Не најдоа ниту време, ниту пари да ги сервисираат за да не ни се случи ова кое што ни се случи вчера за што сведочи оваа глетка каде што се уште има чад од оние дрва кои што изгореа. Како што гледате стигна дури и до куќите и за жал има неколку куќи изгорено. И за жал неколку лица од огнот завршија во болница со изгореници како што можевме да видиме низ медиумите.

Бараме одговорност за тоа што немаше хеликоптери вчера да го гасат пожарот. Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век, држава Република Македонија, власт. Немало хеликоптери за граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани. Така да бараме одговорност од власта за се она што требаше да го направи вчера, а не го направи и за жал тоа ги чинеше граѓаните, некои со материјална штета, а некои за малку и со човечки животи. И бараме одговорност за тоа што оваа власт секоја една ситуација на непогоди и се што е останато во рамки на нејзина можност да превенира ги изненадува за жал. Како што успеа да ги изненади овој оган, овој пожар на плус 50 степени во Кочани.

Така да ние сме тука со сите наши расположливи капацитети во однос на помош на граѓаните во рамки како што реков нашите човечки капацитети. Она што сакам да го потенцирам на крај да завршам пред да говори мојот пријател и сопартиец Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука. Од она кое што сакам исто така да го потенцирам е дека и да апелирам до надлежните, но и до граѓаните дека и во другите градови има сериозни пожари и треба да се превенира навреме за да не се случи и да не дојде до ова што дојде.