-Во првата можност ќе го измениме Законот за тутун и ќе забраниме увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец. На овој начин ќе се постигне повисока откупна цена на тутунарите и реално вреднување на нивната мака и труд. Не смее да се дозволи уште една пропадната реколта во која тутунопроизводителите ќе продаваат килограм тутун по цена од една кутија цигари, цена која не е доволна да ги покрие основните трошоци за производство, а не пак да остане нешто за живот на овие вредни семејства.

Овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните, а посебно за тутунопроизводителите. Наместо македонскиот тутун да се откупи по реални цени, Заев овозможи да се увезува тутун од странство и на тој начин тутунарите ги доведе во подредена положба и да бидат ограбени. Доста е, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.