-Скоро 140 пати автобусот на Беса транс минувал граница и возел без дозвола. Тој поминувал полициски контроли, царински контроли и инспекциски контроли и сите тие свесно ги пропуштале без целосна документација. Бочварски и Спасовски не можеле да не знаат дека оваа фирма вози цела година и повеќе без лиценци, и е толерирана од сите државни служби истовремено. Заштита од овој вид не може да пружи ниту еден индивидуалец во институција. Кој дал наредба автобусите на Беса транс да поминуваат граница над 100 пати без дозвола? Кој ќарувал од нелегалниот бизнис на Беса транс кој однесе 44 животи? Спасовски и Бочварски не можеле да не знаат, тие имале должност да знаат. Затоа и двајцата мора да си поднесат оставки, истакнуваат од опозицијата.
Само со оставки на Спасовски и Бочварски ќе се ослободат институциите и ќе може да се утврди кој и зошто ја толерирал Беса транс, и дали тој некој е во врвот на власта? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.