СДС и ДУИ го искористија енергетскиот сектор за лично богатење. Од Вице и Зоран Заев, преку Венко Филипче и брат му, до внуците на Ахмети и синот на Муса Џафери во изминативе седум години сите влегоа во бизнисот со струја. Од нив синот на Муса Џафери доби и отпишување на милионски долг од страна на МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не сфатливо е како власта на СДС и ДУИ собрала храброст да отпише 14 милиони евра побарувања на МЕПСО кон неколку фирми трговци со струја. Кој е тој од врвот на власта кој ја поделил сумата од 14 милиони евра со фирмите должници? Не е чудо зошто ЈО и судството под контрола на СДС и ДУИ молчат за ова. Овој пример со отписот на 14 милиони евра е една од причините зошто СДС и ДУИ се плашат од реформите во судството. И СДС и ДУИ знаат дека со реформирано ЈО и судство ќе треба да одговараат за големиот криминал во МЕПСО, затоа со последни сили се борат да задржат свои пулени правосудството. За делото на СДС и ДУИ ограбена држава, одговорност ќе има. Ништо нема да ги спаси“, нагласуваат од партијата.