Соопштение до јавноста-реакција на соопштение на СДСМ.

СДС во обид да се објасни се избрука – Што е следно Ковачевски да каже дека го изградил Скопје и сите други градови во Македонија?

Ќе почнеме со ред, но нема да ја коментираме целата низа глупости на СДС зошто на нивната лудост и нема крај.

Автопатот Миладиновци – Штип беше целосно изграден од ВМРО-ДПМНЕ, СДС само го пушти во употреба.

Делницата кај Смоквица, исто така беше изградена од ВМРО-ДПМНЕ, а СДС покрај тоа што ја пушти во употреба играше и чочек во тунелот, зошто првпат видоа завршен тунел.

Автопатот Кичево – Охрид е жртва на неспособноста на СДС. ВМРО-ДПМНЕ ја остави оваа делница како што е сега, 6 години ништо не е направено. На автопатот работат по пар машини и неколку работници, тотално фијаско.

Другите работи кои ги пишувале се крпење на дупки, а не изградба на патишта, како што се примерите со обиколницата или автопатот за Тетово.

Ковачевски, во СДС некој очигледно многу го мрази, па го мести со кампања дека изградил 1300 км патишта, не се мешаме во нивните внатрешни работи, само нека не ја вовлекуваат јавноста секој ден да ги слуша нивните лаги во битката кој е понеспособен.