Колку Ковачевски ги задолжи граѓаните со пропаднатата еврообврзница, колку пари ќе се платат на консултантските куќи и тоа што истата била пласирана? .
Цехот за неспособноста на владата ќе го платат граѓаните од Буџетот велат од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение соопштението
Ковачевски кој се фали дека доаѓа од приватниот сектор и водел големи компании, доколку ваква грешка направеше во истите тие компании, тој ќе беше избркан, и ќе бараше работа во АВРМ, а не да остане на истата позиција.
Еве пред да одговорат на ова соопштение луѓето кои пишуваат партиски реакции во СДС нека го побараат Ковачевски и нека го прашаат, дали тој уште би бил на раководна позиција, доколку ова го направеше како директор во меѓународна компанија.
Тоа што Ковачевски и Ахмети сега се однесуваат со Македонија како да е нивна семејна фирма, ДООЕЛ не значи дека утре нема да одговараат.
Ковачевски го урниса кредибилитетот на државата и институциите, секоја идна обврзница ќе биде поскапа. Потребна е одговорност, а не префрлање на топката и прикривање зад колективаната одговорност.