Од партијата потсетија на случаевите со Ден Дончев и Драги Рашковски.

– Ден Дончев видовме како зема туце со пари и си замина во Австралија наместо во Шутка. Драги Рашковски наместо во затвор си е дома, иако отворено праќаше пораки осомничените да не кажуваат се пред обвинителите. Само во Македонија криминалците си поигруваат со правдата и законите.

ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Бојан Маричиќ со неговиот шеф Зоран Заев се најголемите убијци на правдата.