Ковачевски да ги продаде златните лажици од влада и парите да ги даде на народот кој осиромашува, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение соопштението
Ковачевски во ек на најголема криза додека народот едвај си купува леб, купи златен прибор за јадење за во влада.
Приборот кој владата го набави е 40 илјади евра.
Со 40 илјади евра, наместо златен прибор, Ковачевски можел да купи едно амбулатно возило, но и да нахрани илјадници семејства.
Ковачевски не сака да се откаже од 50% од акцизата за горивата за да има повеќе пари во буџетот за крадење и трошење на луксуз.
СДСМ се одлепени од реалноста. Додека народот не знае како да преживее од први до први тие се луксузираат.
Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.