Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%, велат од ВМРО ДПМНе
Во продолжение соопштението
Ковачевски да не удира врз народот, тоа што СДСМ и ДУИ крадеа 5 годиnи не треба сега да биде покривано од граѓаните преку плаќање на скапи горива.
И во Германија се намалија даноците на горивата и до 30 евро центи, само во Македонија не.
Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе влијае на намалување на цената на горивата и ќе спречи крах во транспортниот сектор, земјоделието и индустријата во целост.
Високите цени нема да го наполнат буџетот, иако Ковачевски на тоа се надева, тие само ќе го осиромашат народот и ќе ја фрлат државата во сиромаштија.
Очигледно е дека СДСМ не знае како да управува со државата, па својот криминал сака да го покрива со удар врз граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени избори час поскоро.