Ковачевски да си даде оставка, тој и ЕУ се далеку како зима и лето. Во ЕУ не се оди со криминална влада, каде тендерите и личните бизнис интереси на поедини моќници се пред доброто на граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение соопштението
-Додека Ковачевски зборува за ЕУ, неговата сопруга и кум го шират бизнисот со фотоволтаици, купуваат земјиште за багатела, а неговиот коалиционен партнер Груби добива луксузни возила на користење од пријатели како да се работи за велосипед.
Ковачевски е далеку од ЕУ и заради заробеното обвинителство и судство, кои одлучуваат по партиски наредби.
Во ЕУ полицијата не чека со месеци да расветли убиство, ниту пак се краде оружје од полициски депоа.
Ковачевски е далеку од ЕУ и заради упропастеното образование, здравство и култура.
Далеку е Ковачевски од ЕУ, зошто додека тој работи за тесна клика луѓе околу него, во ЕУ работат за народот.
Ковачевски нема капацитет да ја води Македонија кон ЕУ, додаваат од партијата.