Димитар Ковачевски е основач на Пиксел груп и ниту едно бледо соопштение не може да го прикрие фактот дека тој и неговиот кум Горан Паунов преку потпишување на договор сакале да добијат 40 проценти државна помош.
Ковачевски заедно со неговиот кум Горанчо Паунов имаат изградено Соларен Картел тежок 26 милиони евра.
Додека граѓаните едвај преживуваат и врзуваат крај со крај, Ковачевски и лица блиски до него и од антимакедонската СДС се богатат на грбот на граѓаните.
Ковачевски свесно ги злоупотребува институциите и преку функцијата која ја извршува, а за која нема кредибилитет ги полни сопствените џебови преку милионски криминални бизнис зделки.
Ковачевски дезертира само од војска и дебата, ама кога станува збор за криминал тогаш е прв.
СДС наместо да го брани криминалот на Ковачевски, тој мора да одговори пред јавноста дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?
Го повикуваме Ковачевски веднаш да ја каже неговата вмешаност во сите бизниси на овој Соларен Картел, и веднаш да си поднесе оставка.
Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да открива детали за аферата Броило, се наведува во партиското соопштение.