ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертирал со тапија за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН- затоа ОСТАВКА!

В
Македонија 20.09.2022. 09:13

Дезертерот Ковачевски го избегнал служењето на воениот рок правдајќи се дека е трајно неспособен. Додека децата, татковците и браќата во илјадници семејства беа испраќани во првите борбени линии да го бранат суверенитетот и интегритетот на Македонија, Ковачевски трчал по лекарски уверенија за да докаже дека е трајно неспособен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно дека антимакедонството и клептоманството се двете доминантни вредносни матрици во СДС.

Ковачевски е недостоен за вршење на функцијата премиер, бидејќи и да се работи за лажно лекарско уверение, и да се работи заљ вистинска трајна неспособност, факт е дека тој не и служел на Македонија кога требало. Еднаш дезертер секогаш дезертер.

Еднаш лажов секогаш лажов. А може и двете во еден лик. Доколку е правена интервенција, тогаш се одредува дијагноза ВРЕМЕНО неспособен и се одложува периодот, а во ситуацијата Ковачевски приложил тапија за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Ковачевски од 18 години имал можност да го отслужи воениот рок, но синчето на функционер избегнувало за да на крај се прогласи за трајно неспособно. Штом е трајно неспособен, а ние би дополниле и ТОТАЛНО НЕСПОСОБЕН, тогаш нека има барем грам доблест и нека си поднесе оставка, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст