Ковачевски е дебакл за државата, економски, енергетски, здравствено и национално.

Доколку Ковачевски работеше и се грижеше за државата, но и доколку умееше, немаше да има потреба од економски егзибиции.

1. Пет години нема инвестиција во нов енергетски капацитет. Во РЕК наместо да се копа јаглен, вртат камиони со струмички табли за увозен јаглен. Резултатот е скап увоз на струја и 30% поголема цена до сега.

2. Пет години паѓа нивото на производство на домашна пченица. Од 310 илјади тони во време на ВМРО-ДПМНЕ сега едвај се 260 илјади тони. Разликата е скап увоз.

3. Еден болнички капацитет немаат направено. Пет години не мрднаа со прст за Клиничката болница во Штип, ниту Клиничкиот центар во Скопје.

Во поглед на прашањето со Бугарија, трагично е колку Ковачевски не знае што прави, наместо да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја, тој оди на линија со бугарските барања.

Што се однесува за стравот од Талат Џафери, тој е толку очигледен, што од авион се гледа. Ковачевски не смее да го осуди Џафери, затоа што се плаши за сопствената фотелја.

Колку подолго е Ковачевски премиер, толку полошо за Македонија.