Ковачевски е слуга на Ахмети и во него бара спас, бега од избори затоа што знае дека народот не го поддржува, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека оваа влада не е на Ковачевски, „тој е марионета, слуга на Ахмети и ги извршува неговите насоки“.
Ахмети не работи за народот, туку за себе. Додека Ахмети шири национализам, за кој ја замени зелената агенда, и Македонците и Албанците во Македонија живеат лошо со оваа власт. Сите партии кои се дел од власта се виновни за егзодусот со иселување кој и се случува на Македонија секој ден. Ковачевски и Ахмети бегаат од избори, затоа што со избори завршуваат нивните кариери. Оваа власт на ДУИ поддржана од СДС, нема направено ништо за државата, и со секој изминат ден на власт тие пропаѓаат и губат гласови, и Ковачевски и Ахмети тоа го знаат, но за ден повеќе власт се спремни да ги потонат со себе и своите партии и иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.