Власта предводена од СДС и ДУИ се заборави од местење тендери и терање на криминални зделки, а народот го остави на страна и без леб, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„За учениците нема учебници, ама во училиштата има дојави за бомби, или оваа власт е училишен пример за тоа како не треба да се постапува.
Власта не успева да се организира буквално за ништо кога станува збор за граѓаните, организацијата им е добра само за тендери и бркање профити на поединци. Граѓаните во меѓувреме страдаат“, се истакнува во официјалната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалните политики на СДС и ДУИ, оценуваат од таму, ги уништуваат граѓаните, животниот стандард. Во Македонија, според партијата на Мицкоски, инфлацијата руши рекорди, цените секој ден се се повисоки, реалната плата се намалува, пензиите исто така.
Ковачевски, како што се додава во соопштението, треба да си ја собере својата екипа и да заминат, само така може да сопрат криминалните политики.