Ковачевски и Пендаровски се уште молчат пред македонската јавност, за тоа дека странски агентури работат и стојат зад тензиите помеѓу Македонија и Бугарија. Тие треба да престанат да ги штитат и јавно да ги кажат.
Самото молчење од нивна страна повлекува повеќе прашања и нејаснотии. Ако ова е вистина, зошто транспарентно не излезат да соопштат кои се тие лица и агентури, кои отворено работат против државата или можеби некој од власта ги штити?
Исто така во случај да се работи за несреќна изјава на Пендаровски, односно тоа што го кажа ако не е вистина, која е причината? Причината е да се скрие и да се замајува јавноста од неспособноста на Пендаровски и владата, да ги штитат националните интереси на Република Македонија.
Дали Ковачевски и Пендаровски работат за интересите на странските служби кои ги подбуцнуваат инцидентите.
Оваа власт е неспособна на секое можно поле и е достигнато секое можно дно, кое може да се постигне во политиката.