Кога мислевме дека АНБ од времето на Заев го допрела дното, тогаш Ковачевски и Зечевиќ не демантираа и покажаа дека можат уште полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За директор на АНБ го избраа Зарко Милошевски човек со чиј потпис му било доделено државјанството на контроверзниот Онишченко. Да биде срамот поголем Зарко Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки и на тој начин лице на црната листа на САД добило македонски пасош.
Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи, меѓу кои има белосветски мафијаши, дилери со дрога, платени убијци, па дури и припадник на ИСИС..
Ковачевски и Зечевиќ молчат и не даваат одговори дали новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили.
Молкот на Ковачевски и Зечевиќ значи признание на сите овие скандали врзани за името на Зарко Милошевски. Очигледно при изборот на директор на АНБ, Ковачевски и Зечевиќ не се воделе според капацитетот на кадарот и интересите на граѓаните и државата, туку се воделе чисто од партиските потреби и желби. Ете затоа безбедносната состојба е на вакво дереџе и затоа угледот на Македонија во светот е урнисан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.