Лицемерието на СДС и Ковачевски се виде на дело со поставувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ. Декларативно говорат за прозападни и квалитетни кадри, а за директор поставија човек кој лично го издал документот со кој му се овозможи државјанство на прорускиот политичар Онишченко, лице од црната листа на САД. Но ова не е се. Зарко Милошевски е лик со голем број петна и црни дамки во неговата кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Милошевски бил помошник директор во АНБ во времето кога 215 криминалци, мафијаши, убијци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Исто така бил началник на единицата за екстремизам во УБК во 2015 година и од таа позиција бил одговорен за проценките пред почетокот на полициската акција во Диво Насеље. Според безбедносни експерти токму лошата проценка била причината за жртвите во редовите на безбедносните сили.
Дополнително, тој бил началник во УБК во периодот и на прислушкувањето и на настаните од 27 април и затоа треба му се испита вмешаноста и одговорноста за настаните.
Очигледно за Ковачевски и Зечевиќ ваквиот “чаршав список“ од скандали за Зарко не се проблем. Ковачевски веројатно бил притиснат од Зечевиќ да го именува пуленот во АНБ, но тоа не го амнестира, туку напротив Ковачевски на себе ја презема целата одговорност за оваа катастрофална кадровска одлука, стои во партиското соопштение.