Ковачевски ја зголеми струјата за граѓаните за 50%, во услови кога 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден. Народот се потешко ги плаќа сметките, а дуото Ковачевски најавува ново покачување на цената на струјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека сограѓани кои пред нецела година плаќале во просек 3.000 денари месечно за струја, сега заради Ковачевски плаќаат и по 4.500 денари.
Велат, дотолку полошо ќе биде во текот на грејната сезона, кога голем број на семејства се греат на печки на струја.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека ударот од власта е и врз приватниот сектор. Бизнисите со Ковачевски и антимакедонската СДС плаќаат и по 400% поскапа струја, сега во споредба со лани.
-А, во однос на минатата година доколку се погледнат статистиките на ЕВРОСТАТ ќе се види дека македонските фирми плаќале двојно поскапа струја во однос на фирмите од околните држави.Со антимакедонската СДС и Ковачевски се повеќе наши сограѓани нема да можат да си ги платат месечните сметки, и се повеќе фирми нема да бидат конкурентни на пазарите надвор или ќе ставаат клуч на врата. Затоа е потребно што побрзо оваа власт да си замине. Предвремени парламентарни избори се решението за излез од енергетската криза, со која антимакедонската СДС и Ковачевски не знаат да се справат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.