Додека народот плаќа скапа струја, компаниите добиваат сметки дури до 4 пати поскапи од лани, владата на СДС продава струја од АД ЕЛЕМ двојно пониско од берзанската цена на трговци кои потоа ја препродаваат по берзанска цена, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во период од 30 август до 6 септември АД ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја во вкупна количина од 2000 MW/h. Истрата струја по цена од 337 евра од MW/h ја купува ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија за потоа да ја продаден на албанска државна енергетска компанија по цена од 525,55 евра за MW/h. На ваков начин трговецот на струја ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија на Артур Мицкај, човек од партијата на Еди Рама, заработил дури 10.800.000 денари за само 6 дена. Оваа струја наместо да ја даде на стопанството, ја продава на трговци кои потоа ја препродаваат за дебели маржи. Ковачевски и антимакедонската СДС го уништија енергетскиот сектор. Ковачевски и антимакедонската власт ги осиромашува граѓаните, за да можат поединци да профитираат на грбот на македонските граѓани, велат од партијата.

Од таму додаваат дека доколку Ковачевски и власта сакаат државата и граѓаните да излезат од оваа криза во која ги вовлече антимакедонската СДС тогаш веднаш да распише предвремени парламентарни избори на кои наместо неспособноста и штетните политики, ќе победе работата и решавање на проблемите на граѓаните.