ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не само што се увери дека нема двотретинско мнозинство, туку и губи пратеници

В
Македонија 19.08.2023. 09:53

Во продолжение пренесуваме соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

„Димитар Ковачевски и цело СДС со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав.

Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени.

Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени.

Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70.

Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, што го искажа претседателот Христијан Мицкоски уште на 16 јули минатата година е ист. Промена на Устав нема да помине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст