-Во биографијата која самиот Ковачевски ја објавил стои дека докторирал на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора во 2008 година. Амбасадор на Македонија во Црна Гора тогаш е неговиот татко Слободан Ковачевски. Дали и како влијаел таткото на Ковачевски при добивање на неговиот докторат? За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Ковачевски во периодот кога бил на докторски студии бил на раководна позиција во Македонски Телеком. Дали и како Ковачевску го посетувал Универзитетот во Црна Гора? Какво влијание имал Слободан Ковачевски, таткото на Димитар Ковачевски при неговото докторирање? Прашуваат од опозицијата.
-Ковачевски манипулираше со Харвард, дали манипулирал и со докторатот? Додаваат од таму.
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски покрај што лажеше за курсот на Харвард, докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко
В
Ковачевски покрај што лажеше за курсот на Харвард, докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.