Ковачевски можеби заборавил, ама и врапчињата знаат дека е премиер поради кој има највисока инфлација, сиромаштија, и корупција. Тој од Европска Унија има врска само кога се работи за евровалутата која ја пресметува кога влегува во некој личен бизнис, се вели во писмената реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на владата Димитар Ковачевски.

-Полна му е устата со западни вредности, а доделува дебели тендери на компании со руски и кинески капитал. Зборува за напредок, а тешки милиони доделува на фирма за гаќи да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор. Тоа се вредностите и капацитетите на Ковачевски. Кога пак се работи за националните и државните интереси, тогаш тоа се апстрактна именка за Ковачевски. Тој и неговата влада правеле есап без народот. Ниту народот, ниту експертите, ниту опозицијата ги прашаа кога правеа договори со Бугарија. Сега е крајно лицемерно да ги доведуваат сите пред свршен чин. На Ковачевски кога веќе му бројат денови на фотелја, нека се охрабри и нека излезе на избори, па граѓаните јасно да кажат како ќе се одвиваат клучните процеси во државата. истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.