Ковачевски предводи фронт против ЕУ, за заштита на криминалот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски свесно злоупотребува европско знаменце за да протурка законски решенија кои немаат ништо поврзано со ЕУ интеграцијата на Македонија. Законските решенија кои Ковачевски ги турка дел се и противуставни. Ковачевски, СДС и ДУИ ја загрозуваат европската иднина на Македонија заради нивните криминални интереси. Евроамбасадорот Гир јавно посочи дека Ковачевски не треба да го злоупотребува европското знаменце. Ковачавески со договорот со Бехтел и Енка ги загрозува и начелата на транспарентност и конкурентност кои Македонија ги прифатила со Договорот за стабилизација и асоцијација, а кој е иницијална фаза за нашиот пат кон ЕУ, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Ковачевски само ја злоупотребува ЕУ и го руши нејзиниот углед во Македонија.

-Ковачевски со секој свој чекор и штети на нашата понатамошна инреграција во ЕУ. Единствен спас за Македонија да тргне кон ЕУ е промена на Ковачевски, СДС и ДУИ, стои во партиското соопштение до јавноста.