Димитар Ковачевски лаже дека не знаел за криминалот и вмешаноста на Рамиз Мерко во судските процеси. СДС е во коалиција со ДУИ и сите одлуки и криминал го прават заедно, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Не можел Мерко сам без поддршка од Ахмети и Ковачевски да влијае на судските процеси, да злоупотребува и да вршел значителна корупција како што нотираат од Стејт Департментот.
Ковачевски не знаел за Рамиз Мерко, а знае ли Ковачевски за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Али Ахмети и за братот на Артан Груби и дуќанот на улица Македонија?
За овој скандал мора да одговараат сите лица кои се директно и индиректно инволвирани. Институциите знаат за криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ и наместо да молчат и да го прикриваат, мора веднаш да реагираат, стои во соопштението на партијата.