Кражба на деценијата – Вредноста на АД Славија е над 20 милиони евра, додека Заев и пиунот Ковачевски ја продаваат за нешто над 200.000 евра, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Само административната зграда со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. А претпријатието има и друг броен имот за кој деновиве ќе зборуваме и ќе објавиме во јавноста. АД Славија минатата година имала приходи од над 800.000 евра, односно лани друштвото имало 4 пати поголем профит од тоа што денес Заев и пиунот Ковачевски го бараат како сума за продажба, истакнуваат од опозициската партија.

Власта на пиунот Ковачевски и Заев го раскрчмува имотот на АД Славија затоа што тој им е ветен на бизнис моќници кои градат станови и вршат бетонизација на Скопје, додаваат од таму.