Димитар Ковачевски и власта живеат во луксуз и раскош на државна сметка, додека граѓаните живеат во сиромаштија и беда, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во услови кога граѓаните се соочуваат со галопирачка инфлација, цените на прехранбените производи и нафтените деривати вртоглаво растат,  владата ја зголеми цената на струјата за граѓаните за 50 процени. Поради неспособноста на антимакедонската СДС и Ковачевски граѓаните сега ќе плаќаат дупло поголеми сметки, бидејќи власта ја направи Македонија со најскапа струја во Европа. И згора на тоа, наместо антимакедонската СДС и Ковачевски да им понудат помош на граѓаните, најавуваат ново покачување на струјата, што дополнително ќе удри по џебот на граѓаните. Владата и Ковачевски удираат и врз бизнис секторот. Секаде во светот бизнис секторот се помага во време на криза од страна на државата, а само во Македонија со Ковачевски и антимакедонската СДС приватните компании се на удар. Нека каже антимакедонската СДС и Ковачевски што ќе преземе за состојбата во која ја донесен државата поради нивниот криминал, велат од партијата.

Од таму додаваат дека имено, споредбено со лани, бизнис секторот сега плаќаат и по 400 проценти поскапа струја, односно двојно повеќе од фирмите од околните држави. А, за тоа говори и официјалната статистика на ЕВРОСТАТ.

-Поради катастрофалните и штетни политики на владата на антимакедонската СДС и Ковачевски се отпуштаат се поголем број на работници, се затвораат фирми, а и тие што успеале да опстанат се на работ на банкрот. Ковачевски и антимакедонската СДС ја поскапеа цената на струјата за да може мафијата блиска да власта да ги полни сопствените џебови. Антимакедонската СДС и Ковачевски ја клекнаа Македонија на колена. Антимакедонската СДС и Ковачевски ги осиромашуваат граѓаните. Оваа влада мора да падне. Излез се предвремени парламентарни избори веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.