Фирмите Актико, потоа Окитна и Хантонос, потоа Хант Осој, Лукаревска ги ставила на листа на должници, место да поднесе кривични пријави за криминал тежок над 22 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Самата Лукаревска јавно вели, дека на адресите на овие фирми, нема магацини и складишта, од друга страна им ја признава трговијата.

Доколку немало поврат на ДДВ, туку парите се за “аконтација” за “во иднина”; зошто УЈП после година и половина, ги става овие фирми на листа на должници и како УЈП им пресметала даночен долг, ако нема пристап до деловните книги?

Лукаревска треба да даде одговор, за што треба да се наплати данок од 11 односно 12.2 милиони евра?

Извештаите од надворешната контрола на УЈП, јасно го потврдуваат направениот криминал.

Зошто за Актико/Окитна и за Хантонос/Хант Осој, Лукаревска нема предмет до ОЈО? Ова е криминал што опфаќа повеќе делови од Кривичниот закон, како Член 60-а за даночна пријава со лажни податоци заради имотна корист, до член 378 за фалсификувани исправи.

Јавноста бара одговори, Лукаревска да каже зошто и кого штити, кога се знае дека овие исти ликови, се поврзани со криминален поврат на ДДВ во 2020-та година.

Одговорност за овој организиран криминал мора да има. Ако не сега, ќе има за неколку месеци, по изборите, во тоа граѓаните да бидат сигурни.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, стои во соопштението на партијата.