Оливер Спасовски и МВР под негова команда се заштитници на криминалот, затоа се случуваат и убиства кои остануваат нерасчистени, затоа се краде оружје од полициски депоа, затоа се дава оружје на безбедносно ризични лица, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Мафијата има заштитник во врвот на МВР.

 

Цела недела Спасовски молчи зошто на списокот “Безбеден град” од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес.

 

Дали на списокот “Безбеден град” намерно се врши селекција кои криминални групи ќе бидат опфатени, а кои не? Дали одредени криминални групи се штитат од Спасовски? И дали борбата со криминалот е опструирана од МВР? Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?

 

Дополнително дури и за лицата опфатени на оваа листа постои сомнение дека се привелигирани од Спасовски и МВР.

 

Спасовски должи одговори и како е можно МВР по скратена постапка да дава дозволи за оружје на лица од овој список? И дали е дадено дозвола за оружје на човек во првите пет од оваа листа?, прашуваат преку партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.