Претседателот на државата има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди, таков претседател ќе биде професорката Гордана Силјаноска Давкова.
Македонија заслужува претседател на народот, а не протеже на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди.
Македонија има потреба од Претседател кој ќе знае дека му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот.
Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозна борба против криминалот и девијациите во општеството, велат од партијата.
Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која ќе гради мостови и сојузи, дипломатијата ќе ја гради на стратегија и ќе се грижи за промоција на македонските национални интереси.
Македонија има потреба од лидерство, од визија, од стабилност, од решителност. Македонија има потреба од промени, се вели во соопштението.