Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Инфлацијата ви Македонија е 19.8%, и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%.
Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.
Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија.
Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот.
Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%.
Ова покажува дека пред се големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработата во изминативе 5 години.
Ударот доаѓа во секторот енергенси, воглавно цената на струјата и храна и пијалоци. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.
Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработата на власта. И наместо со полумерки, ја повикуваме Владата да ги имплементира сите мерки кои ги предложивме, се со цел подобрување на состојбата во економијата и помош за граѓаните, стои во соопштението на партијата.