Одговорни за колапсот во јавниот превоз во Скопје се партнерите од Тачела коалицијата, СДС и Арсовска.
Впрочем СДС е најповикан да одговори за состојбите во ЈСП, бидејќи Александар Стојковски е нивен кадар и токму тој кадар е очигледен пример за тендер коалицијата меѓу СДС и Арсовска, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено Стојковски го склучи договорот од 27 милиони евра кај што не е предвиден рабат, и со што буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра. Ова е типичен пример дека тендерите и меракот за пари е главниот лепак кој ги врзува градоначалничката и партијата на Ковачевски. Ваквиот штетен договор е склучен со семејната фирма на пратеникот од владејачкото мнозинство, велат од партијата.