Од ноември, од кога владата на СДСМ и ДУИ знаеле за кризата потрошиле над 2 милиони евра за луксуз. Мерките на штедење кои сега ги промовираат се според народната после свадба тапани. Тие за 5 месеци потрошија пари, па сега ќе штеделе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За овие 5 месеци владата потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.

Министерството на Артан Груби потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.

МВР во време на криза набавило мебел во вредност од 250.000 евра, а министерствата на Маричиќ, Османи и Николовски околу 2,5 милиони денари за перење на возила и мебел.

Нема институција која не правела непродуктивни трошоци во време на криза. Додека народот едвај крпи крај со крај власта на СДСМ и ДУИ во време на кризи потрошила 2,5 милиони евра само за набавки на службени возила со парите на граѓаните.

Затоа Македонија само во последните три години е задолжена за дополнителни 2,2 милијарди евра нов долг, за да се покрива аздисувњето и луксузот на власта на СДСМ и ДУИ.

Ова е резултатот на недомаќинското, неодговорно и криминално владеење на владата на СДСМ и ДУИ која сега ја администрира Ковачевски, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.