Македонија е претворена во див запад, а Оливер Спасовски молчи и бега од одговори и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред неколку дена се случи кражба на оружје, муниција и бомби од депо на МВР во Охрид и нема никаква информација кој го направил тоа и каде е оружјето. Оливер Спасовски не може да обезбеди сигурност на објектите на МВР, а камо ли пак да гарантира безбедност на граѓаните.
Уште не е разрешен овој случај, а веќе нов скандал се случува во Крушевско. Масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра е украдено, а МВР и Спасовски и за ова молчат. Уште се свежи сеќавањата на кадарот на Спасовски кој беше фатен во транспорт на марихуана, и затоа со право јавноста се прашува дали МВР ќе го разреши воопшто и овој случај.
Овие скандали се надоврзуваат на убиството на ракометарот кој институциите се обидоа да го заташкаат, но и матната јавна набавка која МВР ја направи со компанија која е на црната листа на САД.
Се скандал до скандал, се криминал до криминал.
Спасовски е неспособен и криминоген. Затоа мора да си поднесе оставка веднаш, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.