На денешниот саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусија на тема „Меѓународна политика“ свое обраќање имаше Тодор Конески, секретар за меѓународна соработка на ИК на УМС, кој што нагласи дека Македонија секој ден доживува порази на меѓународното поле како што е Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Францускиот предлог а луѓето што ја водат Македонија моментално имаат заборавено на максимата дека меѓународната политика не е меѓународните интереси да ги застапуваш дома, туку домашните интереси да ги застапуваш надвор.
„Кога зборуваме за меѓународната политика, кога ќе ја анализираме всушност таа е и главниот блокатор на Македонија во нејзиниот интегративен процес и не само за ЕУ интеграциите туку и во однос на домашните реформи. Свесни сме дека од ден во ден доживуваме нови порази на меѓународното поле, како што се фамозните порази во 90-тите, порази како што е Преспанскиот договор, како што е договорот за добрососедство со Бугарија што беше проследено и со Францускиот предлог минатата година. Мислам дека луѓето што ја водат Македонија моментално имаат заборавено на една максима која што одекнува кога се разговара за меѓународната политика а тоа е дека меѓународната политика не е меѓународните интереси да ги застапуваш дома, туку домашните интереси да ги застапуваш надвор“ нагласи Конески.
Конески истакна дека потребна е политичка катарза во општеството, а ВМРО-ДПМНЕ е единствениот начин да се достигне до таа политичка катарза која ќе доведе до позитивни промени во државата.
„Потребна е политичка катарза во ова општество а СДС имаа шанси кои што ги испуштија. Станува јасно дека единствениот начин да се достигне до оваа политичка катарза за која што зборуваме и да може да доведе до позитивни промени во Македонија, на начин да се почне од најмалите работи и да се стигне до самата меѓународна политика е доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“ истакна Конески.
Филип Ѓорѓиев, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во Македонија има многу луѓе кои што апсолутно сакаат, откако секако Македонија ќе влезе во Европската Унија кога и да биде тоа бидејќи немаме некој конкретен датум, и сигурно ќе се потрудат да ја направат многу поубаво и попристојно место за живеење, но многу голем дел од младите луѓе ќе ја искористат таа можност за подобар живот, односно, за бегање на запад.
„Примерот кој што ни го даваат државите кои што пред нас во понова историја влегоа во Европската Унија како Република Хрватска и Република Бугарија, апсолутно ни покажуваат дека тоа ќе се случи. Проблемот кој што го имаме со „брејн дрејн“, со иселувањето на младите, по евентуалниот влез на Македонија во Европската Унија секако дека ќе се влоши пред да се подобри. Но, на нас останува да видиме како ние ќе го прифатиме тоа, со оглед на тоа што константно се споменува бидејќи немаме вистински датум за да можеме однапред да гледаме кога би се случило тоа, мораме да размислуваме дали ќе бидеме вистински спремни за предизвикот што значи влегувањето во ЕУ, затоа што тоа не е магично стапче со кое што животот одеднаш се подобрува“, рече Ѓорѓиев.
Тој додава дека никој од младите не сака да си ја бара среќа за подобар живот во странство, секој сака да остане дома, но луѓето кои што се приморани на такви чекори, сигурно во иднина, откако ќе им бидат олеснети околностите, ќе ја искористат таа можност.