Почитувани сограѓани,
По повод Рамазан Бајрам, ви упатуваме најискрени честитки со желби за здравје, радост и спокој во вашите домови. Нека овој светол празник ви донесе нова енергија, надеж и верба за подобро утре.
Рамазан Бајрам е време кога се потсетуваме на вистинските вредности, а тоа се добрината, дарежливоста и почитта кон секој човек.
Тие вредности нека не водат во секојдневието и нека ни помогнат да создадеме посилно и похумано општество.
Да продолжиме да градиме мостови на разбирање, да си подадеме рака кога е најпотребно и да негуваме заедништво кое не прави посилни како заедница.
Нека празничните денови бидат исполнети со топлина, љубов и убави моменти со најблиските.
Честит Рамазан Бајрам!
