Во официјална посета на ВМРО-ДПМНЕ, денес беа претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на Американскиот совет за млади политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија.
Потпретседателите Александср Николоски и Тимчо Муцунски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева, претседателот на УМС Сергеј Попов и членот на ИК на УМС Дамјан Коњановски разговараа со делегацијата за политичкиот систем во Македонија и за предизвиците со кои се соочуваме како држава, за развојот и учеството на младите во креирањето на политиките.
Преставниците на ВМРО-ДПМНЕ изразија благодарност за долгогодишната соработка која Македонија ја има со САД и дадоа уверување дека истата во иднина ќе се продлабочува.