ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска продолжува со Дебати за Македонија во општина Струга.
Дебатата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ ќе се одржи во 13:30 часот во општина Струга (локација: Парк на поезијата).
Учесници на Дебати за Македонија ќе бидат:
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
Анастасија Илиеска, член на Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ
Ален Деребан, претседател на ОК Струка и советник во општина Струга
Дебатата ќе ја модерира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и Драгана Бојковска, член на ИК на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Дебата ќе се емитува на официјалниот youtube канал и facebook канал на ВМРО-ДПМНЕ.