На вечерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец на која говорници беа доц. д-р Викторија Трајков, координатор на Канцеларијата за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, член на ИК, Марија Петрушевска, пратеник, Проф. Д-р Васко Наумовски, поранешен амбасадор на Македонија во САД, порачаа дека народот во Македонија ја живее историската срамота,црвени линии мора да постојат, како и дека политиките на власта во однос на надворешната политика се погубни за Македонија.

Доц. д-р Викторија Трајков, координатор на Канцеларијата за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, истакна:

-Македонскиот јазик никогаш не бил во понезавидна ситуација од сега. Не се промовира низ светот, не се работи на негова афирмација, македонски вечери низ светските нетрополи не де оддржуваат а сето тоа укажува само на едно- задоволување на нечии други интереси на сметка на своето, македонското! Народот е едногласен дека живееме период на историска срамота за Македонија и за Македонците!”

Стефан Андоновски, членот на Извршниот комитет порача:

-Додека ЕУ не донесе одлука за почетокот на преговори ние треба да си ја завршиме домашната задача, која оваа власт очигледно не може да ја заврши.

Пратеничката Марија Петрушевска, во врска со Резолуцијата за црвените линии истакна:

-Резолуцијата за македонските црвени линии е гласот на народот, на научната јавност на сите нас кои си ја сакаме Македонија

Професорот Д-р Васко Наумовски, како поранешен амбасадор на Македонија во САД, рече дека под итно мора да се зајакне дипломатската мрежа по големите држави низ светот затоа што нема кој да лобира за Македонија.

-Немаме амбасадор во Вашингтон, нема сеуште никој во Москва, нема во Германија итн. Погубно за една држава со западно европска ориентација, вели Наумовски.