– Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност. Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување. Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!, велат од партијата.
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето околу обраќањето на спикерот во Брисел рече дека Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Европскиот парламент и точно е да се каже дека имаше три сесии, тој на две зборуваше на македонски јазик, а на третата на албански јазик. Тој исто така, рече дека нема да бара одговорност, туку објаснување од собранискиот спикер.
Според премиерот, Џафери бил испровоциран од некои поединци од Бугарија, кои што секако укажале дека ќе направат „воедно чување на нашите јазици“.
Претходно, спикерот Џафери напомена дека Уставот е флексибилен.
– Не го прекршив Уставот и во иднина, немам предрасуди и го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата“, рече тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.