Нема дно кое власта на ДУИ и СДС не може да го пробие. Кога јавноста ќе помисли дека во секторот образование не може да биде полошо, доаѓа нов пораз и неуспех, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено најдобриот македонски универзитет, УКИМ, бележи пад од 26 места на листата на Центарот за рангирање на светските универзитети во споредба со лани. Од 1964 место сега се дошол до 1990 место и е далеку зад универзитетите во регионот. Универзитетите во Крагуевац, Нови Сад, Ријека според рангирањето се далеку подобри од македонскиот најдобар универзитет. Ова само покажува дека во Македонија се случува сериозен пад на квалитетот на високото образование со оваа власт на СДС и ДУИ. Нема инвестиции во науката, нема инвестиции во образованието, нема инвестиции во човечкиот капитал и кадарот на универзитетите, велат од партијата.
Од таму додаваат дека Ковачевски треба да се срами од овој поразителен податок, дотолку повеќе што се преставува како професор. Штом не неправил ништо за образовниот сектор од кој доаѓа, значи дека и од таа област нема врска.Се случува целосен распад на системот. Се е пуштено во удолница со оваа власт. Единствено што ги интересира властодршците од СДС и ДУИ е како да наместат тендер, како да украдат, како да се збогатат на сметка на граѓаните и на државата. Ќе одгововараат за урнисувањето на образованието како и за сите други сектори во државата.