Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски. Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д.
Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија.
ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира
Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ, додаваат од партијата