Владата е виновна за ценовниот шок, нивната неспособност сега ја плаќаме преку високи цени во маркетите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во изминатиов период цените на основните продукти се зголемија и за 100%. Тоа не е само резултат на надворешни фактори, туку во голема мера на неспособноста на владата. Имено недостатокот на пченица и пченка, а со тоа и повисоките цени на брашното и лебот се резултат на намаленото домашно производство и ненавременото полнење на резервите.

Неспособноста и криминогеноста на власта во енергетскиот сектор допринесе за трошење и до 50 милиони евра месечно за купување на скапа струја и покривање на разни загуби. Тоа е се затоа што пред почетокот на грејната сезона ја оставија РЕК Битола без јаглен, а хидро акумулациите ги испразнија и продаваа струја кога таа беше евтина, за подоцна да купуваат скапа струја, стои во нивното соопштение и се додава:

„И додека цените се се повисоки, парадокс се случува во земјоделието, откуп нема, а кога има цените се ниски, и тоа во ек на недостаток на храна на многу места во светот. Тоа е показател дека власта е неспособна да најде пласман и подобри услови за нашите компании и земјоделци.

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата. Заради нив кризата е се подлабока во секој сегмент“.