Продолжуваат препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинуваат дека Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памтел колку и каде дал, и секако му било сеедно.
Лага e тврдењето на дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Николовски ги доставил во сметководството на Министерството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Николовски ништо не го вадело од одговорноста, дека додека земјоделците мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра.